Кривична пријава против Б.Б.(64) од Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје ќе поднесе кривична пријава против Б.Б.(64) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Денеска, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во објект во село  Марино, скопско. При претресот биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 со две рамки за него, 10 куршуми непозната марка и калибар, ловна пушка „Црвена застава“,пиштол М57 калибар 7,62 мм со една рамка, 18  куршуми непозната марка, 89 ловни патрони непозната марка, ловна пушка „Црвена застава“,пиштол непозната марка со калибар 9мм со една рамка за него и пушка непозната марка.

Пронајдените предмети биле одземени, а Б.Б. бил лишен од слобода  за понатамошна постапка.


Нови 72 случаја позитивни на коронавирус, еден починат, досега вкупно 555 заболени - МИА
Вести

Нови 72 случаја позитивни на коронавирус, еден починат, досега вкупно 555 заболени

Скопје, 5 април 2020 () – Нови 72 нови случаја на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во земјата, едно лице е починато, а три лица се излекувани и денеска заминуваат од Клиниката за […]

Вести

МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19

–  Се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни […]

Вести

Државниот карантин го напуштија 160 граѓани, досега вратени 2207, утре лет од Лондон

– Државниот карантин, по поминти 14 дена, вчера успешно го напуштија 160 македонски граѓани, кој со хуманитарен лет беа вратени во земјава. Статистиката заклучно со вчера покажува дека во државен карантин се наоѓаат 2099 лица, […]