Кривична пријава против А.М.(52) од Дебар за „узурпација на недвижности“


Полицијата приведе 36 лица за непочитување на забраната за движење - МИА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.М.(52)  од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. А.М. во текот 2020 година во населба „Ќернаница“, со цел владение, узурпирал земјиште во сопственост на Република Северна Македонија и истото го оградил, со што противправно се стекнал со имотна корист од 406.822 денари, на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.