Крим полиција приведе две лица, пронајде канабис и експлозивна направа


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска ги лишија од слобода се Н.Р.(67) и З.Д.(33) од с.Страчинци, скопско, соопштија од МВР.


 

При претрес извршен со наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје во дом и други простории кај двете лица, пронајдени се и одземени саксии со растенија канабис сатива и експлозивна направа од проектил со експлозивно полнење кал.15мм.

Двете лица се приведени и по документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против З.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, а против Н.Р. по чл.396 од Кривичниот законик.