Крадец фатен на дело во Охрид


Полициски службеници од СВР Охрид вчера го привеле 35-годишниот охриѓанец  Б.П., кој на улицата „Пере Тошев“ во градот бил затекнат при кражба од патничко возило „Рено“.


 

Како што информира МВР, возилото „Рено“ со охридски регистарски ознаки, било сопственост на К.Ј. (36) од Охрид, кому му биле вратени одземените предмети, пронајдени кај сторителот.

По целосно документирање на случајот против Б.П., ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.