Кичевец излетал од пат и тешко се повредил


– Вчера во 11 и 10 часот во ОВР Кичево пријавено е дека на локалниот пар кај село Староец,П. Г(67) од Кичево, управувајќи патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, загубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.


 

-При оваа сообраќајна незгода, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Причините за излетувањето допрва ќе се утврдуваат, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.