Казни за 707 лица за неносење маска




 

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 707 прекршоци, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.