Казни за 175 возачи за брзо возење на територијата на цела држава


 Во текот на вчерашниот ден  во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 175 возачи.


 

Како што соопштија од МВР, од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.