Во текот на вчерашниот ден казнети се 140 возачи во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, како што денеска информираа од МВР, 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 52 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.