Казнети 358 лица за неносење маска


 Регистрирани се 358 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.



Министерството за внатрешни работи и во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.