Казнети 181 возач за брзо возење на територијата на цела држава 


Казнети се 181 возач во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.


 

Како што информираа денеска од МВР, од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 61 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.