Казнети 144 возачи во Општина Центар


Санкционирани 393 возачи во Скопје, од кои 164 за брзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 144 мерки од кои 20  за возење без возачка дозвола, 4  за нерегистрирани возила, 7 мерки за возење под дејство на алкохол и други останати 104 прекршоци.



„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.