
Кавадарци, 11 септември 2020 () – Кавадарчанец пријавил физички напад од две лица пред угостителски објект, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
-Случајот е пријавен околу три часот изутринава во Полициската станица Кавадарци. С.А. (37) пријавил дека пред угостителски објект во село Глишиќ бил физички нападнат од Џ.Д.(30) и И.М.(23), рече Додевски.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/