Изречени 461 санкции за брзо возење на територија на цела држава


– Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на целата Република за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 461 возач. Од нив, како што информираат од МВР, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 20 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.


 

Засилените акциски контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.