Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Републиката за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 360 возачи.
Од нив, како што соопшти денеска МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, од кои едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место.
Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираатдо сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.