Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 294 возачи. Од нив, 12 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, како што соопшти МВР, 171 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.