Изречени 149 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

stop_3454353343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Санкционирани се 149 возачи на територијата на СВР Битола во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, соопшти МВР.

Од вкупно санкционираните, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.


-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK