Изречени 117 санкции за брзо возење на територијата на СВР Тетово


На подрачјето на СВР Тетово во рамки на денешната засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санционирани се 117 возачи, соопшти МВР.


 

Од нив, 39 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека ќе продолжат засилените сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.