Изминатото деноноќие 15 сообраќајки во Скопје, возач на мотоцикл тешко повреден


Возач на мотоцикл  бил тешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле седум лица, а во осум била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 24 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не носење сигурносен појас, како и 28 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 97 возило непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]

Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

 Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември. На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше […]

Вести

Едно обвинение помалку за Груевски, „Траекторија“ му застаре

Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и […]