Изминатото деноноќие 13 сообраќајки во Скопје, лесно повредени пет лица



– Вкупно 13 сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа на територијата на Град Скопје. Во 11 од нив е предизвикана само материјална штета, а во две се лесно повредени пет лица, соопшти СВР.

Две возила се исклучени од сообраќај зашто не биле регистрирани, а исклучени се и двајца возачи кои управувале со возилата иако сé уште немаат право на тоа.

Според СВР, во текот на деноноќието со пајак се подигнати 54 возила поради непрописно паркирање.

Од преземените мерки кон пешаци, три се за поминување на црвено светло, а девет за минување улица вон пешачки премин.


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]