Измамени старци за огревно дрво. Еве што се случило



На 06.06.2018 година во 08,10 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.А.(78) од Скопје пријавил дека на 30.05.2018 година околу 13,00 часот, пред неговата куќа на улица „Перо Наков“ дошло непознато лице и му понудило огревни дрва по цена од 8.000 денари. Тој прифатил и тргнал со него да ги видат дрвата.


 

Во еден момент лицето му се сокрило и се вратило кај сопругата на Б.А. и ги побарал  парите со изговор дека се договориле.

Таа му ги дала парите, по што заминал во непознат правец. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.