Измамен 34-годишен жител на Пробиштип, му одзеле 1.000 евра

20230610162907_big_730x400_18
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во СВР Скопје вчера 34-годишен жител на Пробиштип пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покаже пари на докторот, а тој нема моментално во него.


Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите.  Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен.  Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK