Измама при добивање  на кредит или друга погодност


ОВР Прилеп поднесе кривична пријава  против Д.С.(38) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање  кредит или друга погодност “ и против правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Измама при добивање  на кредит или друга погодност“ . Д.С. во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист,  поднел апликација за активна мерка по Програмата и Пријавата за користење на грант согласено  условите од Програмата . По одобрување на апликацијата  основал фирма од Прилеп и склучил Договор со  Агенција за вработување и УНДП по кое искористил средства за  директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година била ликвидирана.