Изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата


Денеска (07.05.2021) во 07.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на локалниот пат Неготино – с.Курија, Т.П.(58) од Неготино, управувајќи трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Неготино.