Истрага против прилепски возач за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици и неукажување помош на жртвата

osnovno javno obvinitelstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавноот обвинителство, во врска со сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, против осомничениот 26-годишник досега се водеше постапка за предизвикување сообраќајна несреќа од полесен квалификаторен облик и по предлог на обвинителството му беше определена мерка куќен притвор во траење од 8 дена. Но, во текот на предистражната постапка се прибавија докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој сторил потешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, па надлежниот јавен обвинител отвори истрага и достави предлог да му биде определена мерка притвор.


Согласно доказите, на критичниот ден, тој управувал патничко моторно возило Фолксваген голф со прилепски регистарски ознаки, иако не ја поседувал потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило – без очно помагало поради намалена видна функција за 50% (бинокуларно гледање). Спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движел со брзина од 74,2 км/ч на место каде максимално дозволена брзина на движење изнесува 50 км/ч. Возилото не го држел што поблиску до десниот раб на коловозот, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Кога пристигнал наспроти фабриката „Металец“ во Прилеп со тркалата од десната страна на возилото излегол надвор од површината од десниот раб на коловозот, односно на земјеното проширување, па со предниот десен дел од возилото удрил во задното тркало од велосипед марка „Ендуро“ управуван од оштетената – сега почината велосипедистка. Во моментот на ударот таа стоела со велосипедот на земјеното проширување покрај десниот раб од коловозот, а како последица од ударот била отфрлена на тревната површина од десната страна од коловозот. При ударот оштетената добила тешки телесни повреди кои резултирале со смртна последица, а возачот на автомобилот ја оставил без помош и веднаш го напуштил местото на несреќата.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK