Глоба од 500 евра за жител на Берово за непочитување на полицискиoт час


Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Од таму додават дека на Судот му предложиле на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

– Обвинетиот на 25.03.2020 година, во 00:35 часот во Берово, свесен за своето дало и сакајќи го неговото извршување, за време на епидемијата на опасната заразна болест Ковид-19 не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, а со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временскиот период од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. Обвинетиот управувајќи патничко моторно возило го напуштил својот дом во Берово, се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровоско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово во 00:35 часот на местото викано Епрев Дол, атар на Берово, бил запрен при контрола  од патрола на МВР, велат од Јавното обвинителство.


Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]

Вести

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, наскоро ќе биде поставена монтажна болница со 130 легла

– Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија […]