Физички напади во казино и на улица во полиција пријавиле демиркапиец и кавадарчанец


– Физички напади во казино и на улица, во полиција пријавиле демиркапиец и кавадарчанец. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.


 

-Вчера во Полициската станица Демир Капија, К.К.(33) пријавил дека околу 23.00 часот пред казино,  бил физички нападнат од А.Ј., соопшти Додевски.

Вчера пак во ОВР Кавадрци, М.С.(21) пријавил дека претходниот ден околу 20.30 часот на улицата „8-ми Септември“ во Кавадарци,  бил физички нападнат од А.М.(45).

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.