Фатен бегалец од затвор осуден на петгодишна затворска казна, вратен во КПУ Идризово

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера околу 21:15 часот на подрачје на Центар во Скопје го привеле Б.З.(24) од Тетово.

Како што информира МВР, тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово“ каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 237 ст.4 од Кривичниот законик, а за кое бил осуден на казна затвор од пет години.


Лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK