Фалсификувале документи. Добија кривични пријави


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С.(66) од Кичево и Ф.Х.(47) од Косово, со постојан престој во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против Г.М.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа”. На 17.12.2015 година прво и второ пријавениот склучиле договор за продажба на патничко возило „Форд Ескорд“, на име на првопријавениот, при што договорот не бил заведен од надлежен странски орган. На 12.12.2016 година Ф.С., ваквиот договор го употребил како вистински во постапката за регистрација на возилото во управните служби во Кичево. По ова, на 20.01.2016 година, пријавените повторно склучиле договор за купопродажба на истото возило од  Ф.С. на Ф.Х., иако возилото и понатаму останало во фактичко и правно владение кај Ф.С.. После тоа, Ф.Х. во два наврати го употребил договорот како да е вистински со цел регистрација на возилото. Третопријавениот, со давање на совети и упатства, со умисла им помогнал на Ф.С. и Ф.Х. да ги сторат кривичните дела.