Две лица осомничени за недозволена трговија со марихуана

marihuana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради сомнение за недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции.

-Четириесет и седумгодишниот жител на струмичко село Банско, вчера имал намера субстанците да ги првезе до Кочани. Во меѓувреме кога сведокот го чекал, осомнечениот отишол на локација каде биле оставени 908,8 грама марихуана кои и ги предал на второто осомничено лице, триесет и седумгодишна жителка од Кочани. Таа требало да ја пренесе дрогата кон село Ореше, но била запрана од полициски службеници од СВР Велес, кои при претрес на нејзиното возило го нашле и преземале марихуаната и уште 1.008,4 грама скриено во автомобилот, соопшти Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.


Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничените да го повторат делото, јавниот обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK