Две кривични пријави по брза постапка против насилник од Скопје, одредена мерка притвор


Триесет дневен притвор за скопјанецот Б.Ф.(36) кој поради недоразбирање во сообраќај на Бит Пазар го нападнал лицето З.Т.(42) од Скопје и му го оштетил возилото.

 

 

-Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, денеска поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Б.Ф.(36) од Скопје за две кривични дела, и тоа „насилство” по чл.386 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали по чл.396 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето Б.Ф. вчера, околу 17.30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што го оштетил и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле и сопругата на З.Т. и нивните две малолетни деца.

-Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ околу 17.30 часот Б.Ф. бил лишен од слобода, а кај него бил пронајден и пиштол. Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена, соопштуваат од МВР.