Директорот на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(51) од село Слепче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 18.02.2016 до 18.02.2017 и во периодот од 02.05.2017 до 31.04.2018, пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар,  спротивно на одлуката на Владата на РСМ од 29.07.2013, склучил договор со агенција за обезбедување за патролно обезбедување на училиштето, со што нанел штета од 58.390 денари на Буџетот на училиштеto. Исто така, во периодот од март 2016 до 31.12.2018, пријавениот, спротивно на Законот за средно образование, односно без согласност од Министерството за образование на РСМ, држел настава по предметот историја  во наведеното училиште, за што му биле исплаќани дополнителни 3.728 денари во рамките на месечните примања, со што се стекнал со противправна имотна корист од 82.016 денари на штета на Буџетот на РСМ.

 


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]