Девет пријави за угостителски објекти од пазарните инспектори за непочитување на протоколите


Девет пријави за угостителски објекти од пазарните инспектори за непочитување на протоколите - МИА

Скопје, 6 јуни 2020 () – Девет пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на Ковид-19 поднел Државниот пазарен инспекторат за време на продолжениот викенд. Државниот инспекторат за труд донел четири решенија и три укажувања на работодавачите веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од конронавирусот КОВИД-19, соопшти Владата.

Државниот пазарен инспекторат денеска до 16:00 часот поднел пет кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на Ковид-19 од кои три во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти.

Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.

Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.

Од страна на Државниот инспекторат за труд се донесени четири решенија и три укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените  од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата.

Инспекторите на Управата за јавни приходи на терен вршат контроли на прометот и дејствуваат едукативно, се додава во владиното соопштение.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]