– Тешка сообраќајна несреќа се случила, доцна попладнево во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово.
Во судар на три возила повредени се десет лица, но за среќа сите се вон животна опасност.
-Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции, рече за МИА, Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.
Едно возило е со битолски, едно со скопски и едно со словенечки регистарски ознаки.
Поради сообраќајката создадена е колона возила, но набрзо се очекува да заврши увидот и да се нормализира сообрајќајот.