Дебранец физички го нападнал татко му, полицијата го привела


Во полицската станица во Дебар е приведен дебарнец поради физичики напад на својот татко.



-Денеска околу два часот во полициската станица е приведен А.Л.(34) од Дебар кој претходно, во семејниот дом, физички го нападнал својот татко. Против него дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тој информираше и околу спроведената акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, реализирана синоќа од 20 до 2 часот.

-Во акциската контрола од страна на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Дебар, контролирани се 16 патнички моторни возила, а извршени се и 12 алкотестирања на возачи. Констатирано е дека еден возач управувал моторно возило под дејство на алкохол, изјави Димоски.

Додаде дека возачот е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.