Безбедно лето-2022: Акциска контрола на СВР Битола


Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето-2022″ на цело подрачје на СВР Битола односно контрола на јавни места каде има нарушување на јавниот ред и мир на 02/03.07.2022 од страна на полициски службеници од СВР  Битола на подрачјето на СВР Битола е спроведена акцискa контролa на 37 локации.


 

Извршени се вкупно 63 проверки на идентитет, 39 прегледи на лица, четири прегледи на патнички моторни возила. При контролата, соопштија денеска од МВР, приведено е едно лице кај кое е пронајдена марихуана, по чл. 215 од КЗ. Поднесени се шест прекршоци по чл. 6 од “Законот за прекршоци против јавниот ред и мир” и 27 прекршоци по” Законот за безбедност на сообраќајот на патишта” .

СВР Битола продолжува и понатаму со спроведување на зајакнати акциски контроли за зајакнување на јавната безбедност.