Автомобил излетал од пат и удрил во пешак и во кабина на автобуска постојка во Куманово


Дваесет и двегодишен возач од Куманово, утрово излетал од булеварот „Октомвриска револуција“, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово.

-Утрово во 06:15 часот  на  булeварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во 37-годишниот  пешак Р.К. од Куманово. Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, наведуваат од СВР Куамново. 

Увид на местото извршила екипа од полицијата во Куманово. 

Балкан

„Macedonia the GReat“ колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, […]

Вести

Две лица во Кина заразени со пневмонична чума

Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразени со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица почина во истиот регион од чума. Двајцата пациенти од автономниот регион на Внатрешна […]

Вести

Италија подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција

Италија е подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција откако висината на брановите во тој град достигнаа 1,87 метри, поплавувајќи ја историската базилика и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата. Повеќе од 80 […]