Акцизна стока, 17 туби со 320 литри алкохолен пијалак пронајдени во „мерцедес“: приведен криумчар од неготинско

Акцизна-стока-17-туби-со-320-литри-алкохолен-пијалак-пронајдени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско.


При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи.

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK