Во текот на месец септември 2023 година спроведени беа сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 983 возачи, извести МВР.
– Од нив, 587 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 207 возеле без возачка дозвола, 23 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.