549 казни за неносење на заштитни маски



Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од Ковид-19, регистрирани се 549 прекршоци, информираат од МВР.



Министерството за внатрешни работи воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.