Вчера на Македонско-косовска бригада, пред крстосницата со улицата Адем Демачи, патничко возило „фолксваген“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(19) од с.Арнакија, скопско, удрило во пешакот С.Х.(49) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.