Тешко повредено девојче, паднала шипка врз нејзината глава


Според изјава на мајката на девојчето, дел од ученици се беселе на одбојкарска мрежа во ОУ “11 Октомви” во петокот пред да почне фолклорната група да тренира, при што метална шипка паднала директно на главата на седумгодишното девојче.


 

Девојчето со тешки повреди е хоспитализирано на приватна клиника и му е извршена операција. Докторите утврдиле дека парчиња од черепот биле навлезени во обвивката на мозокот.

Директорката на училиштето, Даница Блажевска, за ТВ Телма не сакала да го коментира случајот освен што изјавила дека настанот се случил на вонредна активност.