Русија го забрани работењето на независната телевизија „Дожд“

Руското државно обвинителство денеска соопшти дека независната ТВ станица „Дожд“ ја прогласува за „непожелна организација“ и изрече забрана за работа. Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека „Дожд ширел екстремистички материјал и ги дискредитирал властите“. Со оваа одлука новинарите, персоналот и донаторите на „Дожд“ се изложени на потенцијални кривични пријави. Русија на тој начин продолжува со репресијата врз медиумите и групите …

Continue Reading

Банкарот Пан Гуншен е нов гувернер на Народната банка на Кина

Банкарот и финансиер Пан Гуншен денеска беше назначен за гувернер на Народната банка на Кина. Тој ја презема функцијата од претходниот гувернер на Централната банка на Кина, Ји Ган, кој ја предводеше пет години. Пан, кој овој месец наполни 60 години, претходно беше заменик-гувернер на Народната банка на Кина. Тој е ветеран на кинескиот банкарски сектор, над кој државата има …

Continue Reading

Тунберг повторно се обиде да го блокира пристапот до нафтен објект откако беше казнета за истото дело

За кратко време откако шведскиот суд ја казни Грета Тунберг за непочотување на полицијата за време на еколошки протест пред нафтен објект минатиот месец, активистката повторно се обиде да го блокира пристапот до истата локација и мораше да биде придружувана од полицијата. Вчера, 20-годишната Тунберг ги призна фактите, но негираше дека е виновна за тоа што се случило. Таа изјави …

Continue Reading

Расте бројот на барања за азил во Германија

Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац. Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја. Според податоците од канцеларијата, во споредба со првата половина на 2022 …

Continue Reading

Сунак и Зеленски повторија колку е важно Украина да извезува жито

Британскиот премиер Риши Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно изјавија колку е важно Украина да може да извезува жито на меѓународните пазари, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Сунак, од каде беше дадена изјава по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. „Премиерот рече дека Британија тесно соработува со Турција за обновување на договорот за жито и ќе продолжиме …

Continue Reading

Педро Санчез на чело на привремената Влада на Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез од денеска ја предводи привремената Влада до изборот на новата влада, откако ниту една партија не освои мнозинство на парламентарните избори во неделата. Кралот Фелипе Шести издаде декрет според кој, Санчез останува на чело на привремената Влада која ќе се занимава со тековните работи „додека новиот шеф на владата не ја преземе функцијата“. Ниту една партија …

Continue Reading

Во пожарите во Алжир досега 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран

Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат на жителите и да ги …

Continue Reading

Чин разрешен од функцијата министер за надворешни работи

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска е разрешен од функцијата, објавија државните медиуми. Тој е сменет откако еден месец не се појавуваше во јавноста. Чин (57), според кинеското Министерство за надворешни работи не доаѓал на работа поради неодредени здравствени причини. На местото на Чин е именуван Ванг Ји.

Continue Reading

ЕУ и додели на Украина 1,5 милијарди евра помош за обнова на инфраструктурата

ЕУ ѝ додели на Украина помош од 1,5 милијарди евра, што треба „да и помогне на државата да продолжи да функционира и да ја обнови инфраструктурата“, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објавена на Твитер. Средствата се дел од програмата за европска финансиска помош за Киев во вредност од 18 милијарди …

Continue Reading