Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот. Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и …

Continue Reading

Кисела Вода, единствената македонска општина дел од мрежата на Партнерството за отворена власт

Денес, Партнерството за отворена власт (ПОВ) објави дeка Кисела Вода е една од новите 55 нови општини на својата растечка мрежа од 75 земји, кои гi унапредуваат иницијативите за отворена власт ширум светот. Како единствена општина од Македонија, која беше избрана меѓу 138 апликанти, за Кисела Вода ова претставува значаен чекор во поттикнувањето на транспарентноста, учеството на граѓаните во креирањето …

Continue Reading

Герасимовски: Стартува „паметното осветлување“ за центарци

Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината. Системот го имплементира А1 Македонија преку целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување и паралелна имплементација на светилките и паметните ормари. Станува збор за замена на 3982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за паметно мерење и управување со …

Continue Reading

Дел од општината Чаир денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат улици во општина Чаир. Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф 300 мм, на улицата Џон Кенеди бр. 25, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат …

Continue Reading

Левица: Тревниците неискосени, општината претворена во змијарник, а Тимчо го нема

Ова е веќе трета огромна змија на територијата на општина Аеродром за која жителите сведочат. Тревниците во парковите сѐ уште се неискосени, општината е претворена во змијарник, а Тимчо и ДПМНЕ си тераат кампања безгрижно, реагираат од Левицата. Според нив, катастрофата за општина Аеродром со име Тимчо, како што го нарекуваат, поради негрижата ги става во опасност животите на децата …

Continue Reading

Муцунски пред пензионерите од Аеродром: Вашето искуство и вашата мудрост се непроценливо важни за создавање подобра општина

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот, Дејан Митески денеска присуствуваа на настан на кој беше одбележана 15-годишнината од формирањето на Здружението на пензионери – Аеродром. Во рамки на своето обраќање Муцунски истакна дека искуството и мудрост на пензионерите се непроценливо важни во создавањето подобра општина, а Општина Аеродром секогаш е отворена за предлозите, сугестии и забелешките …

Continue Reading

Општина Центар: Американ Колеџ ја избра градинката Пролет како пример за лекција по архитектура

Студентите од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, под водство на професорот Сашо Блажевски направија студиска обиколка на градинката Пролет во Центар, која е во финална фаза на градба. Во разговорот со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и со службите на Општина Центар, студентите беа информирирани за проектот и неговата реализација. „Се работи за објект …

Continue Reading

Герасимовски: Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од улицата „Михаил Цоков “ и улицата „Орце Николов“ пред Општина Центар. Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за …

Continue Reading

Без вода дел од Карпош

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата Ристо Равановски бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците Ристо Равановски и Атинска во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

Continue Reading