Бочварски: Инвестираме 1 милион евра за развој на патната инфраструктура во Кочани

Источниот регион доби нов лик, буквално нема патен правец кој не е реконструиран изминативе години. Министерството за транспорт и врски во континуитет работи на модернизација на регионалната, но и локалната патна инфраструктура во сите општини, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој  беше во работна посета на општина Кочани. Министерот Бочварски изврши увид во реконструкција на локалната улица …

Continue Reading

Со низа активности Општина Аеродром одбележува 19 години постоење

Аеродром е општина која инвестира во децата и младите. Преку низа проекти и инвестиции во изминатиот период општината покажа грижа за нив и овозможи подобри услови за спорт, рекреација и едукација, информираат од општината. „Токму во духот на младост и радоста, со неколку настани и различни спортски и музички активности, денес се одбележа 19 роденден на општината. Во нив учество …

Continue Reading

Реконструкција на улици во должина над два километри во Горно Оризари

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници од општинската администрација, извршија увид на работните активности во Горно Оризари, каде се врши реконструкција на 10 краци, со вкупна должина над 2 километри. Проектот за реконструкција, покрај нов коловоз, вклучува и реконструкција на канализационата мрежа и нови водоводни приклучоци. „Лошата инфраструктура во урбаната и руралните средини, мора да стане минато и …

Continue Reading

Герасимовски: Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во населбата Капиштец. Станува збор за реконструкција на тротоарот долж целата улица. Истиот е 40% оштетен поради што е небезбедно за пешачење особено за повозрасните граѓани и мајките со колички и бебиња. Во следниот период оштетените и искршени коцки ќе бидат заменети со нови, а останатите ќе бидат нивелирани. …

Continue Reading

Без струја делови од Ѓорче Петров, Карпош и Студеничани

Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од девет до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците број „2“, „4“, „6“, „10“, „12“, „16“, „18“, „32“, „34“, „46“, „54“, „62“, „64“ и „84“ во селото Ново …

Continue Reading

Уставниот суд ја укина одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. „Б.С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул.„Прва петолетка“ и ул.„Миле Кипра“- Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички број …

Continue Reading

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

„Активистите на Левица во Охрид поставија табла на нелегалниот објект на бизнисменот од ДУИ, Нефи Усеини. Оваа герила акција го симболизира молкот на институциите на локално и централно ниво пред дивеењето на Усеини. Со уништувањето на овој културен објект во Охрид, кој ја симболизира антифашистичката борба, се потврди немоќта на СДС и ДПМНЕ пред насилието на ДУИ“, велат од Левица. …

Continue Reading

Општина Аеродром дел од женската трка за поддршка на жените со мултиплекс склероза

Вкупно 25 вработени во администрацијата на Општина Аеродром земаа учество на женската трка што се одржа на Светскиот ден на здравјето, 7 април, а со цел подигнување на јавната свест за мултиплекс склероза и предизвиците што ги носи оваа хронична болест, известува општината. Трката беше во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултиплекс склероза во …

Continue Reading

Герасимовски: Расчистена е дивата депонија во Капиштец, карши Католичка црква

Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре. „Ваквите депонии мора да бидат …

Continue Reading