Со доделувањето на наградите и премиерата на „Бизнисот на задоволството“ затворен 22. „CINEDAYS“

Со проекцијата на филмот „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, синоќа заврши 22-от Меѓународен фестивал на европски филм „CINEDAYS“. Под слоганот „Муви најт “ и годинава фестивалот обезбеди врвни филмски остварувања и македонски премиери, но со намален буџет и намалени простори за проекција на филмовите, но со посетеност од повеќе од 5000 вљубеници на европскиот филм. -Имавме уште едно …

Continue Reading

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски за крај на CINEDAYS

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во МКЦ парк во 21 часот, завршува 22-от CINEDAYS. -Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година, и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија, и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има …

Continue Reading

Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечер на „Синедејс“

Дебитантскиот краткометражен филм „Досие иднина“ во режија на Гоце Трајковски вечерва премиерно ќе биде прикажан на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематограф е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска. Во …

Continue Reading

Сара Климоска најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Сомбор

Со нова награда продолжува успешниот пат на „Кајмак“, најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. За улогата на Доста во „Кајмак“ Сара Климоска е прогласена за најдобра актерка во главната натпреварувачка програма на Филмскиот фестивал во Сомбор, Србија. Овој фестивал своето петто издание годинава го одржа под мотото „За оние кои доаѓаат“. Србија е една од земјите каде „Кајмак“ беше …

Continue Reading

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Филмот е во продукција на „Арт Проект Лаб“, кој се снимаше во јуни 2022 година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје. Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и …

Continue Reading

„Љубовната соба“ на Сузана Диневски во официјална селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал „Ischia“ во Италија

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е избран во официјалната селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржува од 9 до 16 јули 2023 година. „Љубовната соба“ на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кои главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се …

Continue Reading

Македонската премиера на „М“ на Вардан Тозија вечер го отвора 22. Фестифал на европски филм – Синедејс

Македонската премира на долгометражниот игран филм на Вардан Тозија – „М“, вечер во паркот на МКЦ во Скопје ќе го отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Во шесте фестивалски денови, од 13 до 18 јули, под слоганот „Муви најт“ ќе може да се погледнат повеќе од 40 филмски наслови од најновата европска филмска продукција, кратки филмови, ќе …

Continue Reading

Објавен првиот трејлер за „Дедпул 3“

Продуцентите на „Дедпул 3“ (Deadpool 3) ги објавија првите слики од снимањето на филмот, но и првиот трејлер… Така, најкоментирана подробност, се чини, е новиот „Вулверин“-костим… Обожавателите на филмовите „Икс-Мен“ (X-Men) знаат дека од 2000 година (Хју Џекмен) го глуми Вулверин во црн кожен костим, наместо оригиналниот жолт од стриповите. По сѐ изгледа дека обожавателите на автентичниот Вулверин, по 24 …

Continue Reading

ДФРМ: Неоснованите обвинувања се неуспешен обид да се прикријат туѓи злоупотреби

Банана филм удира со лаги по филмските работници за да ги прикрие своите скандалозни злоупотреби Најостро реагираме и ги осудуваме обвиненијата за нашите членови Бранко Петровски и Игор Шокаровски како неточни и неосновани, креирани врз основа на манипулативни претставки, без никаква правна основа или поткрепа. Друштвото на филмските работници на Македонија е единствено релевантно струково здружение од областа на филмот …

Continue Reading