Зошто само да гледате филмови со бизнис магнати? Режирајте го и вие вашиот филм во реалноста


Според инвеститорот Кевин О’Лири, не постојат старосни граници за да започнете и да развивате сопствен бизнис. О’Лири смета дека сега е вистинското време за тоа, поради пандемијата.


 

„Да речеме дека сте во средно училиште…Зошто да не започнете бизнис додека седите дома? Пречките се минимални, па зошто да чекаме?“, вели тој.

Пандемијата не треба да биде отежнувачка околност затоа што „некои од најголемите компании беа основани во време на екстремен стрес“, вели тој, наведувајќи го примерот на неколку компании кои и денес успешно работат, и покрај тоа што се основани за време на големата рецесија од 2008 и 2009 година. Големата рецесија резултираше во многу успешни компании како Airbnb, Uber, NerdVallet итн.

За почетници, О’Лири им предлага на младите да го искористат Интернетот и да создадат платформа преку Интернет за продажба на услуги што ги интересираат.

Според него, „најголемата можност за младите луѓе кои сакаат да започнат сопствен бизнис денес е да започнат со производство на видеа или фотографии за компаниите, бидејќи, поради пандемијата, се повеќе содржини се во дигитална форма“.

Всушност, пандемијата предизвика голема промена кога станува збор за работниците и компаниите, така што вештините како што се управување со социјалните медиуми, комуникација и уредување на содржина во моментов се многу барани, се вели во извештајот на деловните страници LinkedIn и Indeed.

О’Лири зборуваше за ова и порано, кога зборуваше за виртуелни асистенти кои им помагаат на луѓето да си ја завршат работата и се платени од час по час.

„Сериозно е ако тој нема храброст да влезе на пазарот и да започне да се продава себеси како некој што може да решава проблеми“, рече тој тогаш.