Жито пром – Гевгелија ги претстави новите колачи 4U на Саемот „Ануга“ во Келн


Од 9-13 октомври, Жито пром – Гевгелија учествуваше на најголемиот саем за храна и пијалоци Ануга во Келн, Германија. Промоцијата таму значеше и вклучување во мисијата на Ануга за претставување креативни концепти и иновативни производи. Годинашното мото на саемот беше  Вкуси ја иднината, што кореспондира и со новата линија колачи на Жито пром.


 

Ануга како еден од најголемите светски водечки саеми се организира повеќе од 100 години. Фокусот на саемот се нови, иновативни производи и трендови. Како дел од тоа имавме шанса покрај постоечките производи – кроасаните, да ја презентираме и новата линија на колачи којашто како проект е поддржана од Фондот за иновации. Проширената палета брои 10 нови производи во две категории – традиционални колачи со вистински путер и функционални колачи збогатени со состојки корисни за здравјето. Со ова, го следиме трендот за развој на производи што покрај задоволување на потребата за нешто слатко, имаат голема придобивка и за човечкото здравје. Средбите и квалитетот на новите контакти контакти што таму ги остваривме, ги надминаа и нашите очекувања. Веруваме дека покрај постоечките 20 пазари каде што извезуваме, нашите производи ќе се најдат и на полиците во многу други земји – вели Татјана Танева -Новаковска, бизнис менаџер на Жито пром.

Жито пром е семејна компанија од Гевгелија со речиси 25 годишна традиција. На македонскиот, но и на над 20 странски пазари се препознатливи по брендот  4U, кој се одликува со специфичен вкус и висок квалитет. Клучот за ваквата препознатливост на кроасаните 4U се заокружениот процес на производство и љубовта кон работата што компанијата ги негува веќе четврт век.

Вкусот и квалитетот на новите колачи 4U наскоро ќе биде претставен и пред потрошувачите во Македонија.