WIZZ AIR е прогласена за најодржлива ниско-буџњтна авиокомпанија на WORLD FINANCE SUSTAINABILITY AWARDS 2022


Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, е прогласена за најодржлива нискобуџетна авиокомпанија на World Finance Sustainability Awards 2022 година.

 

 

World Finance им честиташе на победниците што помогнаа да се донесат трансформативни промени, а особено ја пофали континуираната посветеност на Wizz Air за одржливост, особено нејзината амбициозна програма за обновување на возниот парк и други иницијативи за заштеда на гориво. Авиокомпанијата е горда што има најниски емисии на јаглерод по патнички километар во Европа и вети дополнително намалување на емисиите за 25% до 2030 година, во споредба со нивото од 2019 година.

Составен елемент на стратегијата за одржливост на Wizz Air е нивната флота на Airbus, која е една од најновите во Европа и моментално се состои од 154 авиони со просечна старост од 4,93 години. Имплементирајќи ги најновите технологии во воздухопловството, авионот Airbus А321neo нуди 50% намалување на бучавата, 20% намалување на потрошувачката на гориво и 50% намалување на емисиите на азотни оксиди, во споредба со претходните модели на авиони. Wizz Air, исто така, неодамна потпиша Меморандум за соработка со Airbus, за да го истражи потенцијалот на високо ефикасни, ултра евтини авиони на водороден погон.

Сега во својата четврта година, World Finance Sustainability Awards ги прославуваат компаниите кои ги ставаат еколошките вредности во првите редови на нивните деловни операции. Наградите се протегаат низ триесет различни индустриски сегменти, покривајќи сè, од здравствена заштита до дигитална валута и авијација.

 Јохан Ејдхаген, главен директор за вработени и ESG во Wizz Air, рече: „Почестени сме што сме признати како најодржлива нискобуџетна авиокомпанија на World Finance Sustainability Awards – доказ за нашата континуирана посветеност на одржливоста. Остануваме амбициозни со нашата стратегија за одржливост и продолжуваме да инвестираме во најсовремена технологија, отворајќи го патот кон поодржливо воздушно патување. Ние ја водиме индустријата и сме пример за одржливост и движење во права насока. Всушност, ако секоја авиокомпанија беше исто толку ефикасна како Wizz Air, европските емисии на јаглерод од воздухопловството би се намалиле за 34%. Заедно со нашата модерна флота, иницијативите за заштеда на гориво и инвестициите во технологијата, ние можеме да бидеме сигурни дека Wizz Air е еколошки најефикасниот избор за авио транспорт“.