Во првите пет месеци од годинава извезени стоки во вредност од 3,356 милијарди евра


Извоз од 1,074 милијарди долари во јануари и февруари годинава, пад од 0,2 проценти - МИА

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – мај годинава изнесува 3 356 208 000 евра и бележи пораст од 18,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 4 973 195 000 евра, што е за 29,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

 

 

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај годинава изнесува 1 616 988 000 евра.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите пет месеци од годинава  најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.