Во Прилеп зголемени контролите на Трудовата инспекција, а прекршувањето на работничките права се исти


– Во пандемијата се зголемија контролите на трудовиот инспекторат, особено вонредните, а прекршувањата на работничките права остануваат исти. Невладината „Достоинствен работник“ од Прилеп спроведува проект за „Социо-економските последици од пандемијата и влијанието на неформалните дејности“.


 

Според Јована Тренческа, директорка на државниот трудов инспекорат, најчесто прекршување на правата од работен однос има во областа на преработувачката индустрија, текстилната, во чевларската индустрија, во градежништвото и во угостителството. Прекршувањата се исти со годините, ама за време на пандемијаат се зголемил инспекцискиот надзор, особено на вонредните активности, зашто и работниците се охрабрени да пријавуваат.

– Токму од тие анализи се и нашите годишни планови за работа. Најголемиот дел од инспекциските надзори, особено редовните, се насочени токму во тие дејности за да се превенираат прекршувањата на работничките права, а работодавците да се научат да ги почитуваат сите прописи од областа на работните односи и безбедноста и здравјето при работа. Најчесто, преставките кои доаѓаат се во однос на: неисплатена плата, или исплатена плата но под минималната, неисплатени додатоци на плата поради прекувремена работа, невклучување на минатиот труд во платата, работно време над определеното и работа во денови за одмор. За време на пандемијата, од март минатата година досега инспекциските надзори се насочени токму кон почитувањето на препораките, одлуките, мерките и законите кои го штитат населението од ширење на заразата. Анализите покажуваат дека не го зголемуваат прекршувањето на правата од работен однос на работниците, туку бројките покажуваат дека имаме зголемен број на надзори споредено со другите години, но не се во поголем број прекршувањата. Работниците се многу поохрабрени од претходните години во пријавувањето прекршувања на правата од работен однос. Тоа ме радува. Ги охрабрувам сите работници кои сметаат дека нивните права и дека она што е во договорот за работа не се почитува, слободно да пријават, објаснува Тренческа.

Секој инспектор е обврзан месечно да направи најмалку 20 инспекциски надзори, а зависно од тежината на надзорот може да направат и многу повеќе. Како што е случајот со преставките за К-15, па се прават и по 20 надзори за една недела.

– Во текот на една година имаме околу 26 000 инспекциски надзори. Тоа е за 2020 година од кои најголемиот број беа вонредни, со оглед на состојбата со Ковид-19, и тоа по пријави на граѓани за непочитување на мерките за заштита, за неисплата на плата, за додаток на плата и за безбедност и здравје при работа. Имаше донесено 772 за утврдени нерегуларности, издадени се 42 прекршочни платни налози поврзани со неносење заштитна маска, неистакнување на едукативен информативен материјал во работната просторија, поведени се и неколку прекршочни постапки пред комисијата во Министерството за труд и социјална политика, вели Тренческа.

Во тек се надзорите со УЈП дали работодавците кои добиле финансиска поддршка од државата ги почитуваат условите, односно дали исплатија плати на работниците. Почнаа во декември и впечаток на инспекторатот е дека се зголемува бројот на работодавците кои ги почитуваат законските одредби.

– Овие надзори  почнаа во декември минатата година. Првите надзори беа за исплатата на платите во април, мај и во јуни 2020 година, а вторите за исплатата на платите во октомври и во ноември, а во тек се надзгорите за испалата на платите во декмври 2020, а работодавците зедоа финансиска помош од државата, што е од четвртиот пакет мерки, а ќе следуваат и за финансиската помош од петтиот пакет мерки. Се забележува дека се зголемува бројот на работодавците кои ги почитуваат законите, ова од спроведените надзори и инспекциски контроли и ги исплаќаат платите на работниците, во оној износ во кој имаат земено надомест од државата и на износот на кој им е склучен договорот за работа.

Покрај работниците во преработувачката, во текстилната, чевласката индустрија, во зградежништвото и угостителството, онеправдани се и земјоделските работници, смета Марина Тошеска, локална акциона група „Агро-лидер“.

– Работниците ангажирани во земјоделството беа особено погодени од пандемијата и сѐ уште се и се онаа група работници кои најмалку беа поддржани од владините мерки. Би сакала посебен акцент да ставам на жените земјоделки за време на пандемија. Пандемијата не пречека малку неподготвени и додека се мобилизираме. Сега гледам дека информираноста е зголемена, има поддржување на мерките и веќе почнуваат да ги користат владиниет мерки. Добар беше ваучерот за користење летување, но знаеме, земјоделците, пак, во лето се најангажирани. Сметам дека треба да се насочиме на поинаква поддршка за нив. И финансиска и менторска поддршка за да може да го зачуваат своето производство да обезбедат пласман, вели Тошеска.

Рубинчо Аризанкоски, проект-администратор во здружението „Достоинствен работник“ вели дека целта со проектот е да укажат на прекршувањата на работничките права, да се активира социоекономскиот совет во приелп за да ги дадат предлозите за новиот Закон за работни односи, и да почнат со советодавни услуги.

– Ние сме дел од организациите кои помагаат во советување, помош и поддршка на работниците од неформалната економија и заштита од Ковид-19. Целта на проектот е да се унапредат работните услови во однос на пандемијата и да се почитуваат мерките, а со тоа и да се конретизират компаниите кои треба да им понудат на работниците права и заштита од Ковид-19. Увидовме дека состојбата во Прилеп е на незавидно ниво, во однос на тоа што треба да се зголемат капацитетите кај работодавците во однос на заштитата, а имаме јавувања на нашите броеви и работниците се жалаат дека има прекршувања на Законот за работни односи и има дискриминација, а има и полаки за почитување на Законот за безбедност при работа. Наредните месеци, здружението „Достоинсвен работник“ ќе презем советодавни обврски за безбедност при работа во компаниите, посебно во странските компании. Ја повикуваме и општината со иницирањето на локалниот социјално-економски совет да се формира ова тело за да можеме подетално да ги презентираме заклучоците и препораките од овој проек кои треба да се преземат и да се преточат во новиот Закон за работни односи. Социоекономските последици од Ковид-19 е тоа дека имамс голем број отпуштања на работници, а имаме информации дека минатата недела имало отпуштање на голем број работници од компаниите во ТИРЗ, а со тоа се отежнува финансиската состојба на работниците. На броевите кои се достапни, досега се пријавени 35 работници од различен сектор од неформалната економија од угостителскиот, занаетчиството и домашните работници кои не с ево институционалниот систем и ја бараат поддршката како да дојдат до Законот за работни односи, да бидат дел од институциите, пензиското осигурување и заштитата при работа, објаснува Аризанкоски.